Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа, која се користела како импровизиран верски објект, беа пронајдени три безживотни тела. Меѓу починатите е и дете на возраст од околу 14 години.
„При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле“, велат од Обвинителството.
Телата се дадени на обдукција.