Киев, 18 декември 2024 (МИА) – Украинскиот правобранител Дмитро Лубинец се спротивстави на намалување на возраста за мобилизација на 18 години.
– Јас сум против тоа. Разбирам дека на Украина може да и недостасуваат ресурси за мобилизација. Овој недостаток е забележан во вооружените сили, каде што, сепак, веќе има многу луѓе, кои се борат против агресијата на Русија. Според мене, има потреба од поефективен внатрешен процес, истакна Лубинец.
Тој додаде дека мобилизацијата е сложен процес што мора да се спроведе строго во согласност со актуелниот закон.
– Зошто не е добро да се мобилизира хорот под 25 (години)? Ако ги оставам овие млади луѓе без семејства или деца, ризикуваме да ја оставиме Украина без иднина. Според мене, има многу средовечни мажи меѓу 30 и 45 години, кои се најефективната група за мобилизација, наведе Лубинец.
Тој ја истакна загриженоста за транспарентноста на процесот на мобилизација, посочувајќи го непропорционалниот број на мобилизирани луѓе од руралните средини во споредба со градовите.
Од почетокот на следната година предвидено е сите Украинци на возраст од 18 до 25 години да завршат задолжителната воена обука.
Од Марина Илиевска Извор МИА