Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Бразилски Врховен суд: Армијата не може да интервенира во домашните спорови

09.04.2024 05:53
Сподели

Сао Паоло, 8 април 2024 (МИА) – Врховниот суд на Бразил денеска пресуди дека армијата нема право да интервенира во споровите меѓу гранките на власта.

Сите 11 судии во Врховниот суд гласаа против толкувањето на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро од април 2020 година, дека во согласност со членот 142 од Уставот, армијата има „модераторска моќ“ помеѓу извршната, законодавната и судската власт. Според Болсонаро која било власт може да побара од армијата да преземе акција за воспоставување на ред во Бразил.

– Уставот ја овластува армијата да ја штити нацијата од закани и ги гарантира уставните овластувања, но не е во согласност со какво било толкување што дозволува употреба на вооружените сили за одбрана на една моќ против друга, се наведува во образложението на Врховниот суд.

Банер

Актуелниот Устав на Бразил усвоен е на 5 октомври 1988 година, три години по падот на дводецениската воена диктатура.

Победата на Болсонаро на изборите во 2018 година го означи враќањето на вооружените сили на власт. Поранешен армиски капетан, кој беше отворено носталгичен за деновите на воената диктатура, именува воени офицери во неговиот кабинет, како и илјадници активни членови на службата и резервисти на цивилни позиции во неговата администрација.

По поразот од левичарот Луис Инасио Лула да Силва на изборите во 2022 година, приврзаниците на Болсонаро со месеци кампуваа пред касарните барајќи воена интервенција.

Болсонаро никогаш не го призна поразот, ниту побара од нив да се повлечат, а на 8 јануари 2023 година, бројни негови поддржувачи организираа немири во главниот град Бразилија, при што беа вандализирани Врховниот суд, Конгресот и претседателската палата.

Од Марина Илиевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Партијата на Мадуро освои 256 од 285 пратенички места во венецуелскиот Парламент

Холандската полиција во 2024 година конфискувала рекорден износ на криптовалути поврзани со сомнителни криминални активности

Куба уапси соучесник во нападот на патролен брод

(ВИДЕО) 40 мртви и над 100 повредени во терористичкиот напад во Русија

Шест полицајци повредени, 56 лица приведени за време на протестите во Србија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Турција и Велика Британија потпишаа историски договор за 10.7 милијарди долари за борбени авиони

Кина најави дека ќе ги брани „националните интереси“ по заканата на Трамп за воведување царина

Свет

ЕУ реагира: Испраќа 447 генератори за спас на Украина

Свет

Пентагон објави прва серија на документи за НЛО: Граѓаните сами да одлучат

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?