Во вториот квартал од годинава Subaru ја претстави шестата генерација од моделот Forester. Се работи за технолошки и дизајнерски понапредна генерација од претходната која датира од 2018 година.
Должината изнесува 4,655 мм, ширината на возилото изнесува 1,828 мм додека висината и меѓуоскиното растојание изнесуваат 1,730 мм односно 2,670 мм. Традиционално, доаѓа само со еден мотор во понудата и тоа бензински 2,5 литарски заедно со автоматски менувач.
Како таков од пред овој месец е достапен и во земјите од Балканот, а овластениот дилер за Србија ги објави и цените. Почетната цена за FORESTER 2.0i-L EyeSight верзијата изнесува 39.990 евра. Верзијата со побогата опрема односно FORESTER 2.0i-Sport EyeSight се продава по цена од 45.990 евра додека најскапа е FORESTER 2.0i-S EyeSight која е за две илјади евра поскапа и изнесува 47.990 евра.