Развивај горо зелена
Развивај горо зелена,
развивај сенки широко,
ќе мине Делчев војвода, леле,
со својта верна дружина.
На знамето пишуваше:
– Смрт или Слобода за Македонија,
Македонија на Македонците,
Македонија на Македонците.
Ќе мине Делчев војвода,
со својта верна дружина,
сè одбор млади момчиња,
сè одбор млади момчиња.
На знамето пишуваше:
– Смрт или Слобода за Македонија,
Македонија на Македонците,
Македонија на Македонците.
До сека бука јунака,
на сека гранка берданка,
во секо’ долче и топче
на сека шумка – патронка.
На знамето пишуваше:
– Смрт или Слобода за Македонија,
Македонија на Македонците,
Македонија на Македонците.