spot_img

Либан истрела 25 проектили кон Голанската висорамнина

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени...
spot_imgspot_img
ПочетнаМакедонска музикаЦрна се чума зададе

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе
там’ долу в’ Македонија,
там’ долу в’ Демир Капија.
Кој ќе се јунак избере
чумата да изгони
од жална Македонија?

Избрал се, ми се изнашол
млад Гоце Делчев војвода,
чумата да ја пропади.
С’ негова верна дружина
тој ојде в’ Македонија,
там долу Демир Капија.

Гоце на дружба говори:
– Дружино верна зговорна,
кога ќе вие врвите
низ моја града Кукуша,
мајка ми ќе ве запраша:
„каде е Гоце војвода“?
Вие ќе ѝ нејзе кажете:
„Гоце се, мајко, ожени
за мајка Македонија“

Придружете се на Вибер каналот на Македонија Денес. Притиснете ТУКА.
spot_img
spot_img