20 март 2025 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја поддржува иницијативата на д-р Добрила Андоновска за формирање современ Центар за изгореници во Македонија, имајќи предвид дека постојат предуслови во доктори и опрема кои ветуваат негова квалитетна работа.
СМК потсетува дека Првиот официјален Центар за изгореници во Македонија е формиран со формирањето на Воената болница во Скопје од 1971 година, а Вториот Центар за третман на изгореници е отворен во 2000 година во Градската општа болница – Хирургија, сегашна Клиника за хируршки болести “Свети Наум Охридски“ во Скопје.
СМК потсетува дека Вториот центар за изгореници бил опремен со најсовремена опрема од Јапонската Влада – Интензивна нега со два клинитронови системи од француско потекло, какви што во регионов постојат единствено во Центарот за изгореници Пирогов во Софија, со специјални микроклиматски услови: аерација, температура и влажност со “кади“ исполнети со силиконски песок кој “врие“ поради проток на воздух, и Банка на амнионски мембрани, за жал ставен вон функција во 2016 година.