Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

22.03.2025 23:17
ФОТО: Влада на РМ
Сподели

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Митева, на денешната прес-конференција соопшти дека два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост поради што се преземени итни мерки.

Интегралниот текст од прес-конференцијата го објавуваме во продолжение:

Почитувани медиуми

Банер Банер BrandEcho

Ќе продолжиме и денес со дневното информирање на јавноста за сите преземени чекори од страна на надлежните институции се со цел да обезбедиме навремено и точно информирање на јавноста за обврските кои се наша должност. Во овие денови на тага зборовите за утеха не се доволни, но постапките кои се преземаат мора да бидат конкретни и прецизни. Како влада, ние стоиме покрај секое семејство – не само со зборови на сочувство, туку и со конкретни постапки кои обезбедуваат правда, одговорност и иднина во која ќе се спречат вакви трагедии.

Од првиот момент нашите институции се целосно мобилизирани. Истражните органи работат итно и прецизно. Граѓаните ја заслужуваат вистината, и ќе ја имаат.

Ad image

Нашиот приоритет сега е двоен: да ја завршиме институционалната работа со целосен интегритет и да преземеме итни чекори за да спречиме идни трагедии од ваков карактер. Затоа, во координација со сите релевантни органи, ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите и ги решаваме сите идентификувани неправилности. Одговорноста не завршува со зборови – туку со акција.

Денес на оваа прес-конференција директорот на фондот за здравствено осигурува Сашо Клековски ќе даде осврт на состојбата од аспект на здравствените активности, додека пак директорот на СОЗР, Ивица Томовски осврт на преземените активност во делот на конкретната поддршка која ја дава државата на семејствата на повредените.

Јас денес ќе соопштам повторно информации од активностите на ДПИ во координација со МВР кои се однесуваат на вчерашниот ден, а се во насока на вонредните контроли за почитувањето на одлуката на владата за прогласување на денови на жалост. Во овие контроли вчера се утврдени два објекти кои не ја почитувале одлуката на Владата и работеле, за тоа се изречени соодветни мерки и затворање на локалите. Во однос на оние контроли кои се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци активноста продолжува, анализите се обемни, а проверките темелни се со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови.

Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на министерството за транспорт, каде од досега направените контроли утврдени се голем број на лиценци кои со решение ќе бидат одземени, и тоа кај околу 100 затоа што е утврдено дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени.

И во ова надлежно министерство во текот на вчерашниот но и денешниот ден контролите продолжуваат и до крај на денот очекуваме нов пресек со детални информации за сите направени контроли на овој тип на лиценци.

Болката од оваа трагедија е неизмерна, но ќе ја информираме јавноста како напредуваат истрагите и како ги спроведуваме неопходните реформи и чекори коишто се наша обврска како Влада.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Карпош: Соопштение за хаварисани возила

Апсење на граничниот премин Долно Блаце

Шукова најавува уредување на кејот на Вардар во Карпош

Акција во Гостивар: полицијата уапси 35-годишен маж со пиштол во домот!

Карпош инвестира во дигитална иднина: 10 основни училишта добиваат ИТ училници со нова компјутерска опрема

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Култура и наукаЛокално

Меѓународен фестивал за хумор, сатира и карикатура ,,Пијанец 2024″ вечерва во Делчево

Хроника

Трагедија во Охрид – Битолчанец се удавил во езерото

Хроника

Обид за братоубиство во Скопје – го оставил братот во крв и повикал итна помош дури по три часа!

Македонија

Сончево и топло време со температури до 37 степени

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?