Денеска (09.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во Основното општинско училиште „Карпош“ во село Умин Дол реализираа предавања на тема – „Безбедни екскурзии“ . На учениците им беше укажано за последиците од нарушување на јавниот ред и мир, последиците од користење на наркотични средства, како и конзумирање на алкохол и цигари.
Исто така, со членови на училишните сообраќајни единици беше спроведена и превентивна активност „И јас и ти сме пешаци“. Целта на превентивната активност беше да им се укаже на граѓаните за важноста од почитување на предноста на минување на пешаците на пешачки премин, но и да се потсетат возачите да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Воедно им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени со РСБСП.