Москва, 9 април 2025 (МИА) – Русија денеска соопшти дека ги прогласила за „персона нон грата“ романското воено аташе и неговиот помошник, на кои им е наредено да ја напуштат земјата, како одговор на слична мерка што Букурешт ја презеде во март против руските дипломати.
– Мерката е одговор на немотивираната одлука на романската страна да ги прогласи за непожелни лица военото аташе на руската амбасада во Букурешт и неговиот помошник, соопшти руското Министерство.
Романија на 5 март соопшти дека протерува двајца руски дипломати обвинувајќи ја Москва за мешање поврзано со екстремно десничарскиот претседателски кандидат Калин Ѓорѓеску.
Според медиумите, името на протераниот помошник воено аташе се појавило во судското досие на Ѓорѓеску, кој е осомничен дека го искористил руското мешање за време на романските претседателски избори во ноември 2024 година. Ѓорѓеску во првиот криуг освои најмногу гласови, но подоцна изборите беа поништени.
Од Марина Илиевска Извор МИА