Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Протести низ Франција по изборот на Барние за премиер
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Протести низ Франција по изборот на Барние за премиер
Свет

Протести низ Франција по изборот на Барние за премиер

07.09.2024
Share
SHARE

Париз, 7 септември 2024 (МИА) – Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците низ цела Франција, изразувајќи го незадоволството од одлуката на претседателот Емануел Макрон да го назначи политичарот од десниот центар, Мишел Барние, за премиер, додека лево ориентираните партии го обвинуваат за кражба на парламентарните избори.

Макрон во четвртокот го именуваше 73-годишниот Барние, конзервативец и поранешен преговарач на Европската Унија за Брегзит, ставајќи крај на двомесечната потрага по нов премиер по сопствената одлука за распишување на вонредни парламентарни избори кои резултираа со поделба на парламентот во три блока.

Во своето прво интервју како шеф на владата, Барние синоќа изјави дека неговата влада, која нема јасно мнозинство, ќе биде составена од конзервативци, членови на таборот на Макрон и, како што рече – се надева и на политичари од левицата.

Барние се соочува со тешка задача – обидот да спроведе реформи и да го донесе буџетот за 2025 година, додека Франција е под притисок од Европската комисија за намалување на дефицитот.

Левицата, предводена од крајнолевата партија „Непокорена Франција“, го обвини Макрон дека ја потиснал демократијата и ги украл изборите, откако одби да го назначи кандидатот на левиот сојуз „Нов народен фронт“, кој освои најмногу места во парламентот, иако нема апсолутното мнозинство.

Вчерашната анкета на „Елабе“ покажа дека 74 проценти од Французите сметаат дека Макрон ги игнорирал резултатите од изборите, а 55 проценти веруваат дека ги изманипулирал.

Реагирајќи на именувањето на Барние за премиер, чија централнодесничарска партија Les Republicains е само петтиот блок во парламентот со помалку од 50 пратеници, лидерите на левичарските партии, синдикати и студентски организации повикаа на масовни протести пред понатамошни дејствија, вклучително и можни штрајкови на 1 октомври.

Партијата ЛФИ најави одржување на 130 протести низ државата.

Барние ги продолжи консултациите и денеска, во обид да формира нова влада, што е тешка задача со оглед на тоа што се соочува со потенцијално гласање за недоверба, особено со оглед на итноста на буџетот за 2025 година, за кој треба да се расправа во парламентот на почетокот на октомври.

НФП и екстремно десничарската партија Национален собир (РН) заедно имаат мнозинство и, доколку одлучат да соработуваат, би можеле да го соборат премиерот со гласање за доверба.

Но, РН објави условно одобрување на Барние, што ја прави партијата клучна за формирање на нова влада.

Критичарите го обвинуваат Макрон дека ја предал власта на владата во рацете на Националниот собир на Марин Ле Пен.

Од Сања Костовска/МИА

You Might Also Like

Во Хрватска за следната недела најавен бојкот на банките и телекомуникациите

И Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми

Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени

Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград

Во Каиро денеска треба да продолжат преговорите меѓу Израел и Хамас

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?