Џордан Хендерсон е еден од фудбалерите кои ова лето ја напуштија Европа и заминаа за Саудиска Арабија, тој настапува за Ал Етифак каде што тренер е Стивен Џерард.
Иако на сите им е јасно дека секое заминување од Европа за Саудиска Арабија за фудбалерите е лов на пари, а не некој спортски предизвик, Хендерсон тврди дека не е така.
„Луѓето ќе речат дека клубот дошол со многу пари и јас сум отишол. Да, отидов. Но реалноста не е таква како што мислат луѓето. Луѓето може да ми веруваат или не, но во мојот живот и во мојата кариера, парите никогаш не ми биле мотивација. Никогаш“, вели Хендерсон.
„Доколку Клоп или директорите ми рекоа „Сакаме да останеш“, тогаш немаше да го правиме овој муабет. Ќе останев“.
„Не велам дека тие ме избркаа од клубот, но во ниту еден момент не почувствував дека некој сака да останам“.
За повеќе спортски содржини посетете го сајтот 24fudbal.mk.