Благодарение на Охридскиото Езеро, слетувањето на аеродромот „Св. Апостол Павле“ е едно од највозбудливите во Европа. Вистински доказ за тоа е видеото во продолжение на кое е прикажано слетувањето на авион од авиокомпанијата Арке кој летал од Амстердам кон Охрид. Видеото е снимено на 31 мај 2013 година.