Струмица, 7 март 2024 (МИА) – Малолетник од гевгелиското село Негорци попладнево загина од удар на гром откако овој регион бил зафатен од силно невреме.
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Според неа, денеска во 15:30 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија било пријавено дека во атар на село Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото кај малолетник наверојатно од удар од гром, кој во тој момент напасувал добиток.
Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.
Од: Ристо Тасев Извор: МИА