Повредена жена пешак на бул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје

ФОТО: МВР

Скопје, 1 март 2024 (МИА) – Во СВР Скопје вечерва во 19.11 часот е пријавено дека на бул. „Филип Втори Македонски“ патничко возило „шкода“ со скопски регистарески таблички удрило во жена пешак.  Од МВР за МИА информираа дека жената со повреди е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во тек е увидот на местото на несреќата.

Од: Лидија Велковска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава