Дојде пролет, на бистра планина,
заблејале, стада неброени.
Во љиваѓе, ладен извор има,
крај изворот, трева зелена.
Развивај горо зелена,
разграни гранки широко,
направи сенки ладовни,
стадото да ми пладнува.
Цветајте росни ливаѓе,
околу Лазарополе,
таму ми срце остана,
планино, моја рудино.
Во тревата, листе папирово,
во листето, ситно напишано:
– Кој се сака и да си се земе,
голем грев е млади да разделиш.
Развивај горо зелена,
разграни гранки широко,
направи сенки ладовни,
стадото да ми пладнува.
Цветајте росни ливаѓе,
околу Лазарополе,
таму ми срце остана,
планино, моја рудино.