Жировницо пуста останала

ФОТО: Македонија Денес
– Жировницо, пуста останала
зар’ за мене девојка немала?
Жировницо, жити камењата
што работат Неданица моја?Дал’ се гответ, или ашикуват,
ил’ за мене беќара тагуват?
– Нит’ се гответ, ниту ашикуват,
тук’ за тебе беќара тагуват.- Ој девојко, ти за мене појди,
ќе пазарам три рала тапани.
Ќе пазарам три рала тапани,
нека пукнет нашите душмани.

Сподели ја оваа објава