Следниот чекор во нашата електрична еволуција. Под овој слоган чешкиот производител Skoda го претстави својот најнов концепт Epiq.
Овој електричен градски кросовер ќе биде официјално, во продукциска изведба, претставен следната година, а произлегува од дизајнерскиот центар на компанијата. Она што го откри чешкиот производител е дека должината изнесува 410 цм, ќе располага со багажен простор од 490 литри, а ќе дојде со максимален домет од нешто над 400 километри.
Цената на возилото се очекува да биде околу 25 илјади евра.