Во интервју за Македонија Денес, поранешниот директор на Застава, Тома Савиќ, открива што се случило во 90-те со фабриката и каква била иднината. Притоа се осврнува и на новото Југо кое требало да се произведува на почетокот на 90-те.
„По воведувањето на економската блокада над Југославија на 31 мај 1992 година, изработениот прототип остана во Италија. Сепак со снаодливоста и напорите на дел од раководството на фабриката, прототипот преку Албанија пристигна во Крагуевац во половината на 1994 година.“ изјави Савиќ.
Тој додава и дека биле направени обиди за склучување на договори во Јапонија за алати во вредност околу 4,5 милиони германски марки, но поради целосната неизвесност на траењето на блокадите и понатамошната егзистенција на економијата на Југославија сето тоа било откажано.
Целосното интервју со Тома Савиќ можете да го прочитате ТУКА.