Во текот на денешниот ден (вторник) без водоснабдување ќе бидат делови од општините Карпош и Сопиште.
Во Општина Карпош поради зафати во водоводната мрежа на ул. Римска пред куќен бр. 3А, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Њуделхиска, Бахар Моис, Римска, Панче Пешев и Наум Евро.
Во Општна Сопиште, поради зафати во водоводната мрежа, односно монтажа на регулатор на потисна водоводна цевка со пречник од Ф-125 мм, во с. Сопиште, (под пумпената станица), од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Сопиште, Ракотинци и Добридол.