Јоханесбург, 4 април 2024 (МИА) – Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Јужна Африка, Лук Флерс е смртно застрелан од вооружени напаѓачи при грабеж на бензинска пумпа во Јоханесбург, соопшти денеска локалната полиција.
Флерс (24), кој минатата есен потпиша договор на две сезони со најпопуларниот јужноафрикански клуб, Кајзер Чифс, бил застрелан во градите од вооружени напаѓачи кои потоа му го украле автомобилот.
„Додека чекаше да биде послужен на бензинска пумпа, беше нападнат од двајца мажи“, изјави портпаролот на полицијата, потполковник Мавел Масондо.
Тој додаде дека полицијата трага по двајцата напаѓачи.
Флерс играше за Јужна Африка на Олимписките игри во Токио пред три години, а истата година доби повик и во сениорскиот тим за натпреварот од светските квалификации со Етиопија, но остана на клупата за резерви.
Од Емил Гашевски Извор МИА