Од овој месец францускиот производител Renault ќе започне со потребните прилагодувања на својата фабрика во Ново Место, Словенија. Целта е во оваа фабрика во 2026 година да се започне со производство на новата генерација на моделот Twingo.
Со цел да се скрати времето на развој на новиот автомобил, инжинерите го смалуваат бројот на компоненти во автомобилот за околу 20%, користејќи притоа повеќе генерички компоненти.
Инаку моделот Twingo во понудата на францускиот производител е воведен во 1992 година. Досега се претставени три генерации, а последната во 2014 година. Освен првата сите останати се произведувани во Ново Место, Словенија.