Париз, 1 јуни 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон го поддржа американскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, изјавувајќи дека работи со француските партнери во регионот за да обезбеди „мир и безбедност за сите“.
Макрон на мрежата „х“ соопшти дека се работи на „ослободување на заложниците, траен прекин на огнот со цел да се работи на мирот и напредокот на решението за две држави“.
Од Сашко Димевски Извор МИА