Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Руанда одбележува 30 години од геноцидот

07.04.2024 19:31
Сподели

Кигали, 7 април 2024 (МИА) – Жителите на Руанда одбележуваат 30 години од геноцидот, во кој околу 800 илјади луѓе беа убиени од екстремисти поддржани од владата, објавија американските медиуми.

Настаните ја потресоа малата источноафриканска земја, која продолжува да се бори со ужасното наследство од масакрот до денес.

Руанда покажа силен економски раст во изминатите години, но лузните остануваат и сè уште има прашања за тоа дали е постигнато вистинско помирување под долгото владеење на претседателот Пол Кагаме, чие бунтовничко движење го запре геноцидот и ја презеде власта.

Банер

Кагаме, пофален од многумина за донесување релативна стабилност, но навреден од други за неговата нетрпеливост кон неговите противници, претседаваше со комеморативните настани денеска во главниот град Кигали. Меѓу странските гости беа и делегација предводена од Бил Клинтон, американски претседател во времето на геноцидот, и израелскиот претседател, Јицак Херцог.

Кагаме запали меморијален оган и положи венец на споменикот каде лежат посмртните останки на 250.000 жртви на геноцидот во Кигали.

Масовните убиства започнаа откако авионот со тогашниот претседател Јувенал Хабјаримана, претставник на локалната етничка заедница Хуту, беше соборен над главниот град во 1994 година. Друга локална етничка заедница, Тутси, беше обвинета за соборување на машината и убиство на претседателот, а нејзините претставници станаа цел на масовни убиства предводени од екстремистите Хуту. Масакрите траеја над 100 дена. Убиени се и некои умерени Хуту кои се обиделе да го заштитат малцинството Тутси.

Властите во Руанда долго време ја обвинуваат меѓународната заедница дека ги игнорира предупредувањата за убиствата, а некои западни лидери изразија жалење што не интервенирале.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за пресметка на брути/нето плата и придонеси
Калкулатор за пресметка на бруто и нето плата како и придонеси од плата.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

НАТО подготвен да собори руски авиони: Руте открива нова стратегија

Кина остро реагира на мешањето на Г7 во внатрешните работи

Трамп најавува крај на трансродовите политики во САД

Анкета: Зеленски има 57 отсто поддршка, спротивно на тврдењата на Трамп

Пари, санкции и олигарси: Абрамович повторно во центарот на европски скандал

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Уапсен тинејџер кој планирал напад во железничката станица во Виена

Русија протестира против влез на италијански новинар во Курската област

Свет

Трагедија во близина на Бордо: Две тинејџерки загинаа во железничка несреќа

Кристерсон до Орбан: Не ја користи Шведска за твојата кампања!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?