Велес,12 јули 2024 (МИА) – Пожарот на сува трева и ниско стеблеста шума во атар на село Отиштино, во Општина Чашка, зафатил и насадено земјоделско обработливо земјиште во местото викано „Кај тополите“ во сопственост на Н.Н од Чашка, како и пчелни семејства кои биле во сопственост на неговата 29 годишна ќерка А.Н.А. информираат денеска од СВР Велес.
Појаснуваат дека повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.
Случајот во СВР Велес бил пријавен на 9 јули, околу 16:30 часот во Полициско одделение Чашка, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.