Скопје, 24 јули 2024 (МИА) – Без електрична енергија утре од 10:30 до 14:00 часот ќе останат објектите на улица „Драгиша Мишовиќ“, кои се наоѓаат на истата страна со маркетите „Гранап“ и „Рептил“ и фризерското студио „Костадинка“ во општина Карпош.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
Од Магдалена Ристоманов Извор МИА