Скопје, 30 јули 2024 (МИА) – Денот на Републиката, 2 август 2024 (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, согласно со Законот за празниците на РМ, соопшти денеска Министерството за социјална политика, демографија и млади.
-Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го честита Денот на Републиката, се наведува во известувањето.
Од Хатка Смаиловиќ/МИА