Велес, 5 август 2024 (МИА) – Општина Велес по неколку години пауза годинава повторно го организира „Велешкото лето“ 2024 кое започна на почетокот на јули и ќе трае до крајот на август со богата и разновидна програма на музика, уметност, литература, детски претстави, креативни работилница и многу забава и дружење. Секоја недела на официјалната и ФБ страницата на Општина Велес, организаторите ја објавуваа неделната програма.
Така неделава во среда вечер 7 август во 20 часот во Амфитеатарот на Младинскиот парк е претставата за деца „Разгалениот принц“ во изведба на Театар ХИТ. Во четврток вечер на 8 август во пресрет на празникот Свети Пантелејмон кој е заштитник на Велес во Соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“, Општина Велес и Епархијата Повардарска ќе имаат заедничко чествување на патронот.По вечерната богослужба ќе има Поетски перформанс на МДСП „Премиера“ и музички колаж на „Тринити спринг“.
Инаку синоќа во рамките на програмата на Велешко лето 2024 на спортското игралиште „Тунел“ во новиот дел на градот со музичка компилација на флејта настапи студентката Екатерина Димитриевска,а по што концерт одржа велешката група „Double Trouble“која ја сочинуваат Шерафедин Куртов на гитара и вокал неговата сопруга Алма Куртова.
Екатерина Димитриевска флејтист за МИА, искажа голема благодарност до организаторите до Општина Велес што овозможи со краток концерт на популарни мелодии за флејта да се претстави пред своите сограѓани.
-Прекрасна манифестација е „Велешко лето“ 2024 ни дава убава можност на нас младите музичари и други уметници од градот,да се претставиме пред својата домашна публика и преку мизиката да поминеме заедничка вечер во дружба..Воедно манифестацијата е убава можност за забава на граѓаните и меѓусебно дружење низ концерти и други културни настани од сите области во вечерите од долгите летни ноќи на разни локации во градот , потенцира Димитриевска.
Благодарност до Општина Велес за можноста да се претстават пред своите сограѓани искажа и Алма Куртова од групата „Double Trouble“.
-Благодарам до оганизаторите во Општина Велес кои ни го овозможија овој концерт пред нашата домашна публика.Им понудивме разновидна програма со познати светски и домашни хитови и се надевам дека публиката уживеше што потврди аплаузот по настапот.„Велешкото лето“ 2024 е вистински погодок на организаторот и потврди дека велешката публика сака и посетува културни настани,потенцира Куртова.
Организаторите од Општина Велес ги покануваат сите граѓани да дојдат и бесплатно на отворено да ги проследат и останатите настани од „Велешко лето“ 2024 и со аплаузи да ги наградат сите учесници на програмата до крајот на август.
Од Антоанела Димитриевска, Велес Извор МИА