Скопје, 5 август 2024 (МИА) – Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 јули 2024 до 1 август 2024 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од Магдалена Ристоманов Извор МИА