Варшава, 14 август 2024 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Аталанта изјави дека напаѓачот Килијан Мбапе е подготвен за игра.
– Немавме многу време да се подготвиме, но сме во одлична форма, а исто така и Килијан Мбапе. Тој пристигна во Мадрид во добра состојба и веднаш се адаптираше. Килијан е подготвен да игра, како и сите други. Од моментот кога пристигна, тој покажа навистина одлични квалитети, го цитира Анчелоти прес-службата на УЕФА.
Реал Мадрид вечер од 21 часот ќе игра против Аталанта во Суперкупот на УЕФА. Натпреварот ќе се одигра во Варшава.
Дваесет и петгодишниот Мбапе ова лето дојде во Реал Мадрид од ПСЖ како слободен играч. На 7 август го одржа првиот тренинг со мадридскиот тим.
Од Зоран Стерјовски Извор МИА