Скопје, 21 август 2024 (МИА) – Во полициската станица во Кисела Вода, утрово во 8.30 часот, бил извршен службен разговор со 45-годишната С.К. и 48-годишната В.С., двете од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 18 август, во домот на подрачјето на Карпош, двете физички го нападнале малолетниот син на С.К., информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Од Блаже Дарудов/МИА