Скопје, 11 септември 2024 (МИА) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.К.(73) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.
На 15 февруари 2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 кг. марихуана и 31,39 литри масло од канабис.
Од Даниела Маркоска-Алексоска/МИА