Ужасна статистика – За 14 години силувани 513 деца

Додека МВР го изработува статистичкиот извештај за 2024 година, достапните податоци за збирната анализа за вкупен криминалитет за периодот од 2010 до 2023 година покажуваат ужасни податоци.

За 14 години или за периодот од 2010 до 2023 година во Македонија биле силувани 513 деца. Притоа треба да се напомене дека оваа статистика ги опфаќа само оние деца кои не наполниле 15 години.

Најмногу регистирани случаи имало во 2010 година, вкупно 61 додека пак во 2023 година вкупно 34 деца.

Најголем дел од овие кривични дела биле регистрирани на територијата на СВР Скопје и тоа 99. Следат СВР Битола и СВР Штип со по 94.

20102011201220132014201520162017201820192020202120222023
СВР Скопје78108116565674313
СВР Битола8939316821243944
СВР Велес72136/2231/113
СВР Куманово124731242352/0
СВР Охрид65321413231125
СВР Струмица117883654357491
СВР Тетово2/1394212172/4
СВР Штип1974109354368664

ИЗВОР: Министерство за Внатрешни Работи

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава