Белград, 20 септември 2024 (МИА) – Горан Ѓоковиќ, вујкото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска е избран за претседател на Тенискиот сојуз на Србија (ТСС).
Ѓоковиќ е избран на вонредното собрание на ТСС во Белград, а доаѓа на местото на Мирко Петровиќ, кој се пензионираше по девет години на чело на Федерацијата.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите за изборот. Моето искуство во тенисот е главно преку Новак, но, исто така, бев на чело на Србија опен и на Софија опен седум години. Мојата цел е да го подобрам она што почнавме да го правиме. Финасиите се основа на сè“, рече Ѓоковиќ.
Тој им се заблагодари на поранешниот претседател Мирко Петровиќ, но и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Немаме сопствени простории, немаме Национален центар за обука и сакам да го решиме тоа. Тоа е желба на сите наши играчи и јас не би се кандидирал за ова место доколку во сè уште ја немаме поддршката од претседателот на Србија, Александар Вучиќ“, рече Ѓоковиќ.
Од Емил Гашевски/МИА