Драган Гелев е роден штипјанец, “несуден” филмски режисер, долги години живее и работи во Базел, а сепак со мислите во родната Македонија. Црта уште од гимназија, но никогаш професионално се до еден момент кога една случајно споделена слика на социјалните мрежи му го трасира патот кон успехот…
1.Кој е најинспиративниот дел од денот за да се земе четката во рака?
Д.Г Секој слободен момент во кој можеш да сликаш. Убаво е да ти дојде инспирацијата или тој креативен моментот кога си во Атеље што би рекол Пикасо но јас го немам сеуште тој “ликсуз” да сум постојано со четка во рака бидејќи сем со сликањето веќе 16 год работам и друга работа да би опстанал во земјава каде што живеам. Но секако најубави ми се ноќите кога се заспива , а јас се будам.
2.Како би изгледало Вашето уметничко дело што би оставило печат во историјата? Ако Леонардо Да Винчи ја има Мона Лиза, како би изгледало Вашето?
Д.Г Не знам , а и не сакам да знам така би си го скратил задоволството на постојаното истражување и креативната енергија во создавањето на едно дело. Една слика, дело многу често само си го раѓа или исцртува својот лик. Убаво е кога уметникот доживеал да биде единствен и препознатлив во своите дела кај гледачот но сигурен сум дека поубав е процесот на создавање на истото кога парче душа останува печат на моментумот.
3.Од хоби, наеднаш уметноста станува Ваша озбилна професија. Еднаш спомнавте дека сѐ се случило спонтано и непланирано. Ќе ни го откриете ли моментот кој претставуваше отскочна даска?
ДГ Па сликањето не е хоби за мене туку животна филозофија, суштина на моето постоење после моите деца се разбира. Уметноста во целина без разлика на нејзината форма . Единственото нешто каде умот и душата ја имаат целосната слобода . Хоби е нешто со кое пополнуваш време (бар како јас гледам на тоа). Јас работам премногу и сликањето ми е единствениот пат по кој одам се разбира воден од срцето , а притоа не морам да се дообјаснувам. Да, се случи спонтано една моја слика која случајно ја постирав во некоја група на ФБ биде видена токму од новинарка кој долги години работела во Америка во некое списание за уметност и се допаднала и сама инсистираше подоцна да ги јавно објавувам своите дела .
4.Колку време е потребно за едно дело да го
добие својот финиш и кој е најдолгиот
период којшто ви бил потребен?
ДГ Многу, сум останувал по цели ноќи во атеље но сум завршувал и само после неколку часа. Некогаш се навраќаш на некои слики дури и кога одамна си мислел дека се завршени , а си почувствувал дека ова прикаска не е довршена до крај или пораката која ја праќа е не целосна.
5.Знае ли македонскиот народ да препознае
убаво уметничко дело?
Каде сме на листата во светот?
ДГ Македонскиот народ е еден од ретките во светот кој и те како знае шо е убаво, а и да го живее убавото. Макар што во денешно време се повеќе му се наметнува нешто туѓо кое треба да преставува или е со сигурност убаво само затоа шо доаѓа од друга култура. Но самиот поим убавина како естетска категорија е дискутабилна и широка тема и субјектина за секој човек посебно. Сите очи гледаат различно иако колоритот е за сите ист. Но ако го погледнете македонското творештво низ историјата без разлика дали се фреските во манастирите ,ентериерот на градските куќи , форнаментите , колоритот на народната носија и те како се приметува висока развиена култура и критериум за естетика.
6.Делата се претежно апстрактни. Која е
пораката што најчесто се крие позади
уметноста? Лесно ли е да се открие?
Д.Г Секој сам си ја дешифрира пораката. Јас како создател на тоа дело можам само да го пренесам она што душата во тој момент ми го говорела преку боите кои се наратори и печат на тој дел , момент од моето постоење .
7.Ве очекува доста плоден период, во подготовка е Вашата изложба со која ќе се претставите во Базел а веднаш потоа следуваат и изложбите во најголемите светски метрополи. Може ли да ја најавиме светската турнеја ако може така да ја наречеме, кога треба да се случи и што очекувате?
Д.Г Па да, следува интересен динамичен период за да ја завршиме убаво и креативно оваа година. Во Ноември имам закажано две групни изложби во Базел каде што живеам.
Едната е со здружението на ликовни сликари “Урош Предиќ” од Србија кое веќе 30 год опстојува во Швајцарија во кое и јас сум член како единствен Македонец. А другата е со една галерија од Базел (Novum) со која и предходно сум соработувал , а која секоја година под покровителство на Словачката амбасада во Швајцарија организира групна изложба на уметници од цел свет и мерак ми е што како Македонец и преставник на Македонија сум оваа година дел од изложбата . За идната година веќе сум во подготовки на две самостојни изложби во Њујорк и Торонто и една групна изложба во Париз со веќе споменатото здружение УП кои се надевам ќе се реализираат.
8.Се покажавте како голем хуманитарец. Голем дел од Вашите дела беа продадени за хуманитарни цели.
Д.Г Па не сум голем хуманитарец јас сакам само колку можам и јас да помогнам на мојот народ каде тоа е потребно.
9.”Носталгија” е првата изложба со која се претставивте пред македонските граѓани. Која порака се крие зад делата? Дали можеби се поврзани со некој копнеж за родниот крај?
Д.Г Македонија е моето изгрејсонце и моето зајдисонце , таа папочна врвца останува не раскината засекогаш .
10.Еднаш спомнавте дека актерството е вашиот сон кој никогаш не беше остварен. Денес, кое е Вашето гледиште, дали уште постои жарче од таа желба да застанете на “штиците што живот значат”?
Д.Г Па јас сакав да студирам актерство да би се бавел со филмска режија /font>
Тоа е периодот на средношколските денови и тогаш таа професија ми се гледаше некако по креативна. Не идам често во театар но ги пратам кариерите на неколку македонски преталентирани актери. И понатаму читам драмски текстови но се завршива како јас ќе си ги “изрежирам” сам за себе во мојата меморија.
11.Бевте прогласен за уметник на месецот во Швајцарија. Какво е чувството за едно такво признание особено кога станува збор за земја како Швајцарија?
Д.Г Чувството беше: Е дури сега не смееш да бегаш на час и да се криеш во последна клупа Убаво е кога некој ти го почитува трудот ама сепак поубаво е додека се трудиш.
12. За крај, која е Вашата порака за нашите читатели и љубители на уметноста?
Д.Г Правете го она што ви ја грее душата , ви буди насмевка, она кое денот што поминал ве натерало да го паметите по убавото и она кое ве радува во исчекување на утрешнината.
Н.З.