Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Анкета: Канаѓаните се повеќе ја поддржуваат ЕУ, но според Брисел – членство не е опција

Сподели

Брисел, 13 март 2025 (МИА) – Европската Унија со внимание ги проследи резултатите од анкетата која покажа зголемен интерес на канадските граѓани за пристапување кон ЕУ, но нагласи дека тоа е невозможно.

Истражувањето на агенцијата Abacus Data, спроведено кон крајот на февруари, откри дека 44 отсто од испитаниците во Канада сметаат дека нивната земја треба да стане членка на ЕУ, додека 34 проценти се против.

Порталот „Политико“ објави дека резултатите ја изненадиле Европската комисија.
– Почестени сме од овие наоди. Тие покажуваат дека ЕУ е привлечна и дека многу Канаѓани ја почитуваат Унијата и нејзините вредности, изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо.

- Advertisement -

Сепак, таа потсети дека членот 49 од Договорот за ЕУ предвидува дека членство можат да бараат само европски земји.

Анкетата укажува на затоплување на односите меѓу Канада и ЕУ, при што 68 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за Унијата, додека само 34 проценти за САД.

Ова доаѓа во време кога актуелниот американски претседател Доналд Трамп повеќепати изрази став дека Канада би можела да стане 51. американска држава, а истовремено воведе нови трговски царини за одредени канадски производи.
Канадската министерка за надворешни работи, Мелани Жоли, најави дека ќе бара координација со Брисел за заеднички одговор на американските тарифи. – Ќе го покренам ова прашање на состаноците, заедно со европските партнери, со цел да извршиме притисок врз САД, изјави таа пред состанокот на Г7 во Канада.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер

Ердоган ги повика исламските земји да преземат водечка улога во процесот на меѓународна изолација на Израел

Американската влада почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции

САД воведоа високи царини за стоките од Канада, Мексико и Кина

Обединетите нации бараат Израел да овозможи хуманитарна помош за Газа

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Тајни училишта за девојчиња во Авганистан – храбра мисија под закана

Макрон се противи на плановите на ЕУ: Крадењето на руски имот е неприфатливо!

Балкан

Балканот во 2024 година

Свет

ОН стравува дека бројот на ХИВ инфекции ќе порасне поради кратење на американското финансирање

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?