Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Американската влада почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции

16.02.2025 20:52
Сподели

Вашингтон, 14 февруари 2025 (МИА) – Американската влада синоќа почна да отпушта илјадници вработени во различни владини агенции додека претседателот Доналд Трамп и Илон Маск ја забрзаа „чистката“ од федералната бирократија, јавија американски медиуми повикувајќи се на синдикални извори и вработени.

Одделот за прашања на ветераните, што обезбедува здравствена заштита за ветераните, соопшти дека отпуштил повеќе од 1.000 вработени кои биле на условна казна, а Шумската служба на САД се очекува да отпушти повеќе од 3.000 луѓе.

Во последните 48 часа се испратени мејлови за престанок на работни односи на вработени низ државната администрација, главно неодамна ангажирани. Тие вклучуваат вработени во Одделот за образование, Администрацијата за мали бизниси, Бирото за финансиска заштита на потрошувачите и Управата за општи услуги, што управува со бројни федерални згради.

Ad image

Според владините податоци, пред помалку од две години биле ангажирани околу 280.000 цивилни државни службеници, а повеќето се уште се со привремени договори, што го олеснува отпуштањето.

Банер

Во меѓувреме, Национални шуми на САД се очекува да отпушти 3.400 пробно вработени на сите нивоа на агенцијата, објави Политико, повикувајќи се на извори кои истакнаа дека меѓу отпуштените нема да има пожарникари.

Во соопштението од Одделот за прашања на ветераните се вели дека отпуштањата „ќе му заштедат на одделот повеќе од 98 милиони долари годишно и ќе ги пренасочи сите тие ресурси назад кон здравствената заштита, придобивките и услугите на корисници на одделот“.

Сите вработени по договор во Канцеларијата за управување со човечки ресурси на американската влада биле отпуштени синоќа и во групен телефонски повик им било кажано да го напуштат седиштето на агенцијата во Вашингтон, соопштија два извора.

Кога започнаа отпуштањата, група од 14 американски држави поднесоа тужба до федералниот суд во Вашингтон, тврдејќи дека Трамп незаконски го назначил Маск, давајќи му „непроверено законско овластување“ без овластување од американскиот Конгрес.

Од Пандорка Арсовска-Гацова Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Судан од колера во септември починаа најмалку 430 лица

Трамп ги повлече САД од Светската здравствена организација

ПРЕГОВОРИ ВО ИСЛАМАБАД: САД и Иран на иста маса

Дали Трамп ќе добие своја монета? Новиот предлог на американското Министерство за финансии

Бразилците се приклучуваат на украинската армија: Новиот бран на платеници

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

Свет

Хамас: 27 нови жртви во Газа, вкупниот број достигна 43.341

Свет

Над десет милиони Индијци се капеа во светите води за простување на гревовите на верски фестивал

Боцвана се заканува дека ќе испрати 20.000 слонови во Германија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?