Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Сподели

Скопје, 14 март 2024 (МИА) –  Осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“ ќе бидат набавени за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. Вредноста на леталата од типот AW149 и AW169M ќе изнесува 230 милиони евра, а ќе се плаќа сукцесивно на четири рати. Првата ќе биде исплатена оваа година и е во износ од 16 проценти од вкупната вредност на набавката.

Како што информира на денешниот брифинг министерката за одбрана Славјанка Петревска, изборот е направен во согласност со долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2023-2032 година и плановите на Армијата за обновување на воздухопловната компонента.

Таа потенцира дека постапката за изборот на компанијата е започната по оглас објавен во 2019 година за што е формиран интегриран проектен тим составен од експерти во Министерството за одбрана и Армијата. Спроведена е фаза на истражување на пазарот за што биле реализирани бројни работни состаноци и посети на компаниите кандидати за набавка на новите хеликоптери во чии рамки биле извршени и демонстративни летови со потенцијалните нови хеликоптери.

- Advertisement -

По прибирање на сите податоци извршена била сеопфатна и објективна анализа на понудените платформи преку различни аналитички матрици. Критериумите според кои се вршени анализите, како што беше истакнато на брифингот, биле во однос на цената на набавката, техничкото одржување и техничката поддршка, достапност на резервни делови, животниот век на леталата и нивната модуларност и интероперабилност со НАТО-членките.

-Во фазата на истражување на пазарот и споредба на алтернативите интегрираниот проектен тим одлучи да препорача да се пристапи кон набавка на хеликоптери од компанијата „Леонардо хеликоптерс“, изјави Петровска.

Таа потенцира дека во пакетот на набавката влегува и обука на пилотски и технички персонал, како и достапност за симулатори за обука, а ќе биде обезбеден и хангар во кој ќе бидат сместени новите хеликоптери.

-Со набавката на новите хеликоптери ќе дојде до значителна модернизација на воздухопловната компонента и подигање на способностите за извршување на мисии како за потребите на Армијата така и за поддршка и на другите цивилни институции на нашата држава. Инвестирањето во Армијата е инвестирање во иднината на нашата држава и затоа ќе продолжиме со овој интензитет, истакна министерката Петровска.

Заменикот-командант на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Игор Чкоров на средбата со медиумите информраше за карактеристиките на хеликоптерите од типот AW149 и AW169M, како и причините зошто овие хеликоптери се најсоодветни за нашата Армија.

На конкурсот за избор на компанија пристигнале четири понуди. Покрај „Леонардо хеликоптерс“ понуди дале германско-француски конзорциум, компанија од САД и од Канада.

Првиот хеликоптер ќе пристигне во втората половина на 2026 година, а целата испорака ќе биде извршена заклучно со 2028 година.

Договорот за набавка на хеликоптерите ќе биде склучен утре, а ќе го потпишат министерката Петровска и амбасадорот на Италија во името на владите на двете земји. До крајот на месецов ќе биде потпишан и договорот со компанијата „Леонардо хеликоптерс“.

Од: Виолета Геров Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Општина Штип од данок на имот наплатила 33 милиони денари

Пријава од мајка го испрати синот во притвор

Ова е распоредот на гласачките ливчиња за локалните избори

Ќе се охрабри ли ВМРО-ДПМНЕ? Левица бара одговорност за трагедијата во Кочани

МВР објави видео од гаснењето на пожарот кај СЦ Борис Трајковски – девет полициски службеници завршија на токсикологија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Скопјани се жалат на зачестените напади од птици

Македонија

Кривична пријава против две лица за примање поткуп за болничко згрижување на лице

Македонија

Од денеска затоплување – температури до 33 степени

Македонија

Лишени од слобода петмина прилепчани за кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?