Од денеска затоплување – температури до 33 степени

Од денеска следува вистинско пролетно затоплување со температури кои ќе достигнат до 33 степени Целзиусови. Времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 7 и 15 степени, додека дневните максимуми ќе бидат во интервал од 25 до 33 степени.

И во Скопје времето ќе биде стабилно и топло, со слични услови – мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. Во главниот град, минималната температура ќе изнесува околу 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава