Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Белата куќа анализира колку би чинело преземање контрола врз Гренланд

Сподели

Вашингтон, 3 април 2025 (МИА) – Белата куќа подготвува проценка за тоа колку би ја чинело федералната влада да го контролира Гренланд како територија, тврдат три лица запознаени со ова прашање, пишува Вашингтон пост.

Ова е досега најконкретен обид желбата на претседателот Доналд Трамп да го преземе данскиот остров да се претвори во ефективна политика.

Додека барањата на Трамп предизвикаа меѓународен гнев и укор од Данска, претставниците на Белата куќа презедоа чекори во последниве недели за да ги утврдат финансиските последици од тоа Гренланд да стане американска територија, вклучително и трошоците за обезбедување владини услуги за нејзините 58.000 жители.

- Advertisement -

Во буџетската канцеларија на Белата куќа, вработените се обидуваат да ги разберат потенцијалните трошоци за одржување на Гренланд доколку тој се стекне, велат две лица. Тие, исто така, се обидуваат да проценат какви приходи би можело да создаде американското Министерство за финансии од природните ресурси на Гренланд.

Една од опциите што се анализира е да и се понуди на владата на Гренланд подобар договор од Данците, кои моментално субвенционираат услуги на островот со стапка од околу 600 милиони долари секоја година.

- Advertisement -
Банер

-Ова е многу повеќе од тоа. Поентата е дека ќе ви платиме повеќе од Данска, рече еден функционер запознаен со плановите, кој како и другите зборуваше под услов да остане анонимен за да разговара за плановите кои сè уште се во тек.

Трамп повеќе пати изјави дека САД ќе го „добијат“ Гренланд.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Меѓународниот суд за кривични дела истражува масовни злосторства во Судан

Турција го блокира пристапот до дигиталната платформа Roblox

Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини

Зеленски за рускиот ракетен напад врз Киев: Путин не се подготвува за мир

Најмалку 50 луѓе загинаа при израелскиот напад врз Појасот Газа

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

(ВИДЕО) Трагедија во Канада: Автомобил удри во толпа на фестивал, има жртви и повредени

Свет

Израел ги затвори вратите за хуманитарците во Газа

Свет

ЕК предлага повисоки царини за руските азотни ѓубрива, земјоделците предупредуваат на раст на трошоците

Свет

Трамп ја намалува работната сила во Гласот на Америка

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?