Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

ЕК предлага повисоки царини за руските азотни ѓубрива, земјоделците предупредуваат на раст на трошоците

29.01.2025 16:55
Сподели

Брисел, 29 јануари 2025 (МИА) – Европската комисија предложи нова регулатива со која се регулира увозот на азотни ѓубрива во ЕУ и има за цел намалување на зависноста од руските ѓубрива и зголемување на нивното производство во рамките на блокот. Но, ваквата идеја наиде на неодобрување од страна на европските земјоделци, кои сметаат дека таа ќе им донесе зголемување на производствените трошоци.

Во 2023 година увозот на азотни ѓубрива во ЕУ од Русија, која е еден од најголемите нивни глобален извозник, достигна 3,6 милиони тони во вкупна вредност од 1,28 милијарди евра, што претставува над 25 проценти од вкупниот увоз во блокот. Во 2024 година Москва воведе даноци за извоз на повеќе производи, меѓу кои и за азотните ѓубрива, но и покрај тоа нивниот увоз во ЕУ забележа раст.

Со предлогот на ЕК, сега се предвидува зголемување на царините за увоз на сите прехранбени и земјоделски производи од Русија и Белорусија за 50 отсто. Сегашните царини за увоз на азотни ѓубрива во ЕУ изнесуваат 315 евра по тон, а за останатите ѓубрива 430 евра по тон.

Банер Банер BrandEcho

По стартот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе серија економски санкции кон Русија, но избегнуваше со нив да бидат опфатени и земјоделските производи, со образложение дека сака „да избегне загрозување на глобалната безбедност на храната“.

Со истото образложение не беа покачени ниту царините за земјоделските производи, но лани во мај под притисок на некои од земјите членки, ЕУ сепак ги зголеми царинските давачки за увоз на житни култури и маслодајни растенија од Русија.

Европските производители на земјоделски ѓубрива, пред се од скандинавските и балтичките земји, инсистираа на воведување царини и за ѓубривата, но останатите држави членки на ЕУ не се согласија со ваквите барања, стравувајќи од зголемување на производствените трошоци за земјоделците, кои и онака беа незадоволни од мерките поврзани со зелената транзиција и организираа протести ширум блокот.

Анализа на Заедничкиот истражувачки центар (ЈРЦ) на Европската комисија посветена на ризици и ранливоста во синџирот на снабдување со храна на ЕУ покажува дека земјоделците сметаат оти зголемувањето на царините за увоз на ѓубривата претставува „голем ризик“ и ќе резултира со дополнителни трошоци за земјоделското производство.

Дополнително како аргумент против зголемување на царините се наведува фактот дека главен пазар за пласман на руските ѓубрива не е европскиот, туку американскиот, така што ваквата мерка би им нанела поголема штета на земјоделците во ЕУ, отколку на Русија.

За да ги намали ваквите стравување, Европската комисија во својот предлог предвидува заштитни мерки, како можноста за привремено суспендирање на царините во случај на пораст на цената на ѓубривата.

Предлог-документот е доставен до Европскиот парламент и Советот на ЕУ, кои сега треба да се произнесат по него и да утврдат единствен став за неговата содржина, пред тој да биде и официјално усвоен.

Од Сашко Панајотов /МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Србија официјално е дел од Единствената платежна зона во евра – СЕПА

Петро од Колумбија: Како САД влијаат на нашата стабилност?

Меѓународното право важи за сите, вклучително и за САД

Telegram се спротивставува на рускиот наратив за шпионски пристап до воените пораки

3.000 крави блокирани близу турската обала

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Русија тврди дека соборила украински авион Ф-16

Свет

Шекеринска од Дубровник: Безбедноста на Украина е инвестиција во нашата иднина

Балкан

Албанија на пат кон ЕУ: Клучни преговарачки состаноци на 16 септември и 2 октомври

25 години од НАТО бомбардирањето на СР Југославија (ВИДЕО)

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?