Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје
Uncategorized

Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје

14.03.2025
Share
SHARE

Берлин, 13 март 2025 (МИА) – Извршниот директор на германскиот производител на оружје Рајнметал, Армин Папергер, изјави дека компанијата е преоптоварена со нарачки за оружје, толку многу што итно треба да го прошири својот капацитет.

На годишното генерално собрание на групацијата Рајнметал, Папергер рече дека нарачките доаѓаат од сите страни и дека „тој никогаш не доживеал вакво нешто во неговите 35 години во Рајнметал“, објави денеска Дојче веле.

Само за време на конференцијата за безбедност во Минхен пред неколку недели, Рајнметал беше посетен од околу педесет шефови на држави или влади, или нивни релевантни министри, а во седиштето на еден од најголемите германски производители на оружје во Дизелдорф, моментално се обработуваат нарачки вредни 55 милијарди евра, што е за 17 милијарди повеќе од веќе рекордната мината година, повеќе од кога било досега.

Ad image

Се нарачува буквално се што прави компанијата за војската, од огнено оружје до оклопни возила и тенкови, но Рајнметал нуди и ракети, радарски системи и системи за надзор поврзани со противвоздушна одбрана, беспилотни летала и дигитална воена технологија.

Папергер оцени дека во Европа започнала ерата на вооружувањето, а неговата компанија профитирала – приходите и профитот се зголемени за околу 35 отсто, а се очекува растот да остане во тие размери и годинава.

Секторот за воена индустрија итно бара нов кадар поради зголемување на работата, а Рајнметал веќе вработува 32.000 луѓе.

Од Пандорка Арсовска-Гацова Извор МИА

You Might Also Like

24 години од масакрот кај Вејце – „Сите ќе изгинеме за Македонија“

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 28.2.2025 (петок), 21:30

„Сајбер Команда“ со Филип Петровски – Сезона 3, Епизода 33 – 10.05.2025

Red Cast #С02 #ЕП16

Ценовник за платено политичко рекламирање – Локални избори 2025

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?