Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Uncategorized

Почина Георги Сталев Поповски – еден од најзначајните македонски книжевни творци и преведувачи

05.01.2026 15:42
Сподели

На 95-годишна возраст почина Георги Сталев Поповски (1930, с. Витолиште, Прилепско – 2025, Скопје), еден од најистакнатите македонски поети, прозаисти, драмски писатели, книжевни критичари, преведувачи и универзитетски професори.

Сталев Поповски беше доктор по филолошки науки и долгогодишен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде предаваше современи јужнословенски книжевности и остави длабока трага во образувањето на генерации македонски филолози и книжевни истражувачи.

Роден на 22 април 1930 година во селото Витолиште, Мариово, тој се школувал во Белград, Прилеп и Скопје, а со литература започнал да се занимава уште во 1947 година. Од 1953 година редовно објавувал книжевно-историски, теориски и театарски критики во периодиката, наметнувајќи се како еден од најрелевантните книжевни мислители во македонската културна средина.

Ad image

Беше долгогодишен уредник на списанието „Современост“, еден од првите членови на Македонскиот П.Е.Н. центар и на Друштвото на писателите на Македонија, каде членуваше од 1956 година. Во периодот од 1978 до 1982 година ја извршуваше функцијата министер за култура, а во 1983 година беше координатор на школскиот систем за македонските иселеници во Сиднеј, Австралија.

Банер Банер BrandEcho

Неговиот книжевен опус е исклучително богат и разновиден – автор е на поетски збирки, романи, драми, раскази, книжевно-критички и научни студии. Особено значајно место во македонската култура зазема неговото преведувачко дело, кое самиот го сметаше за свое животно дело. Во тој контекст се издвојуваат преводите на „Божествената комедија“ од Данте Алигиери, „Странствувањата на Чајлд Харолд“ од Гордон Бајрон, како и Антологијата на француската поезија од нејзините почетоци до крајот на 19 век. Преведувал и дела од Пушкин, Лермонтов, Прешерн, Гундулиќ и многу други.

За својот преведувачки и книжевен ангажман доби бројни домашни и меѓународни признанија, меѓу кои наградите „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и „13 Ноември“ за животно дело, како и наградите „Димитар Митрев“, „Григор Прличев“ и „Кирил Пејчиновиќ“. Во два мандата беше и претседател на Друштвото на македонските книжевни преведувачи.

Георги Сталев Поповски зад себе остави трајно културно и интелектуално наследство, со кое македонската книжевност доби европска димензија и длабока научна поткрепа. Неговото дело ќе остане значаен темел во развојот на современата македонска книжевна мисла.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ, 7.2.2025 (петок), 21:30

Гутереш предупредува: Обединетите нации на прагот на финансиски колапс

Скриени пари, злато и ракија – царината ги фати на дело

Велика Британија планира да затвори стотици владини канцеларии

“Опкружени со ИДИОТИ” – 4 Типа на однесување | Bajkerot & Krosfiterot Podcast

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Uncategorized

24 години од масакрот кај Вејце – „Сите ќе изгинеме за Македонија“

Uncategorized

„Трагедијата, системот и народот“ – најава за „Родински разговори“

Uncategorized

Лишени од слобода возачи во Дебар, пробиштипско, Тетово, Велес, Кавадарци и Кичево, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол

Uncategorized

РОДИНСКИ РАЗГОВОРИ 11.4.2025

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?