Голема несреќа се случи во Унгарија. На рели трка во близина на градот Бајо загинаа четири лица, а десетици се повредени откако автомобил изгубил контрола и влетал во публиката.
Унгарските медиуми пренесуваат дека трката била веднаш прекината, а во моментов се спроведува истрага за да се утврдат причините за несреќата.