Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Автомобилизам

ЕК воведува дополнителни царини за автомобилите од Кина

07.03.2024 19:38
Сподели

Брисел, 7 март 2024 (МИА) – Европската комисија тврди дека има докази дека кинеската Влада субвенционира електрични возила што се извезуваат во Европа, па сега намерата е да му стави крај на сѐ тоа со воведување дополнителни царини за увозот на кинески автомобили.

ЕК лани есента отвори истрага за нефер увоз на автомобили од Кина, тврдејќи дека тамошните власти го помагаат извозот преку различни потфати под сомнителни околности. Претстојните привремени царински стапки, ЕК би ги применила уште во јули оваа година, според наводите – заради заштита на производителите во Европската Унија од „заканата“ од Кина. Така, европските увозници од денеска ќе треба да го пријават увозот на кинески електрични возила преку царински регистрации, што значи дека ретроактивното царинење е неминовно, пишува „Аутомотив њус Јуроп“ (Automotive News Europe).

Комисијата во вторникот објави документ во којшто се вели дека увозот пораснал за 14 отсто на годишно ниво од официјалното почнување на истрагата во октомври. Имено, оттогаш досега ЕУ од Кина увезла 177.839 автомобили.

Банер

Доколку кинескиот увоз продолжи со сегашното темпо, автопроизводителите во ЕУ би можеле да се соочат со намалена продажба и намалено ниво на производство. Ова може да има негативно влијание врз вработеноста и целокупното производство, велат од комисијата.

Кинеската стопанска комора при ЕУ соопшти дека е разочарана од потегот и оти зголемениот увоз е одраз на поголемата побарувачка на електрични возила во Европа.

Кинеските производители на автомобили, како што се „БИД“ (BYD) или „Ем-џи“ (MG), вложуваат доста во Европа со низа електрични возила со конкурентни цени. Сепак, тие постојано вршат притисок врз производителите коишто доминираат на пазарот во ЕУ, како што се „Стелантис“ (Stellantis) и „Фолксваген груп“ (Volkswagen Group).

Кински „БИД“ лани ја престигна „Тесла“ (Tesla) како најголем светски производител на електрични возила, а во декември објави изградба на фабрика за автомобили во Унгарија заради поголема продажбата во Европа, но и помали увозно-извозни давачки.

Од: Слободан Иванов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

По САД, „Ферари“ воведува плаќање со криптовалути и во Европа

Кинески гигант BYD гради најголема фабрика за автомобили во светот

„Ханделсблат“: ЕУ и Кина започнаа преговори за укинување на царините на ЕУ за кинеските електрични возила

Владата на САД предлага нови правила за автономни возила

Porsche на удар: Продажбата опадна за шест проценти во првите девет месеци од 2025 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

АвтомобилизамОстанати спортови

Во Саудиска Арабија претставен проект за нова патека во Формула 1

Автомобилизам

Секој десетти автомобил во Велика Британија е кинески

Автомобилизам

Кинеските електрични автомобили освојуваат глобалните пазари, Мексико на врвот

Автомобилизам

Русија во 2025: Продажба на нови возила опадна за 19%

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?