Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Дарко и Жарко Масларковски: Три децении рап, три децении верност кон сцената

Сподели

Интервју со Дарко и Жарко Масларковски од Пука Козметика по повод 30 годишнината од постоењето.

1. 30 години Пука Козметика, дали некогаш очекувавте дека ќе дочекате еден таков импресивен јубилеј?
Лакомото Емси: Бидејки години наназад јадрото на Пука Козметика сме ние браќата близнаци, знаевме дека таа приказна има да трае долго, барем додека дишеме!!! Основачи сме ние двајца, Мартин Георгиевски и Видомир Андреевски, а низ годините повеќе рапери и маалски другари членувале во групата, па навикнавме некој да замине друг да дојде, додека единствената константа сме ние двајца.
Чико: Ве чекаме на 50ката за 20 години!!!

2. Како всушност се започна?
Чико: Ние и пред Пука Козметика имавме група Усијани Глави формирана во 5 одд. со другарчето Зоки Шујц, но осмо се задруживме со Марчо и Видо и на 31.12.1995 на школската прослава за Нова Година во Лазо Ангеловски си дадовме рука и ја формиравме Пука.
Лакомото Ем Си: Почнавме без име, а во 1996 јануари – фебруари облечени со дресови врз јакни, за да се знае дека сме рапери, Чико почна да не зеза демек манекените се облечени во моделите на Пука Козметика и од зафрканција остана тоа име со нас еве веќе 30 години.

- Advertisement -

3. Бројни настапи во Македонија и околните земји – дали може да издвоите некој кој ете, ќе го паметите до крајот на животот?
Чико:
Многу настапи и концерти годиниве, но морам да го издвојам концертот на Баста Рајмз во Софија, на кој настапивме како предгрупа благодарение на СВС Скопје виа Софија и неочекувано свртевме муабет и дружба со Сплиф Стар Бек ЕмСито на Баста.
Лакомото ЕмСи: Во големиот број настапи и концерти во текот на овие 30 години, најдраг ми е настапот во затворот Идризово во организација на Братот Алек, бидејки донесовме тронка слобода на тие вистински радосни луѓе во очајна ситуација. Би го споменал и првиот настап 1996 на осветувањето на црквата Св. Спас во Маџари, кратко кажано поповите се раскрстија мирјаните се разбегаа, првиот настап ни траеше пола песна хахахаха.

4. Каде ги снимивте првите песни на Пука Козметика?
Лакомото Ем Си: Кај Деан Методиевски Деко од Клан Исток , неговата соба беше нашиот Ерусалим, нашата Мека, таму имавме можност да слушаме музика од неговата богата колекција, читавме и од списанието Сорс, но и Деко несебично го споделуваше неговото рап знаење, е таму точно во неговата соба снимивме прв пат.
Чико: Да кај Деко ги снимивме првите посаглам песни и тоа на ритам машината на Чиста Околина, што ни правеше ептен ќеф, но и предходно имавме обиди дома на синтисајзерче, со легнат микрофон на звучникот а ние над Микрофонот и вадиш сумљива снимка на аудио касета. Би сакал и да ви раскажам и за целиот понатамошен пат на снимање на песни во студио, кај Аго во Долината на Сенките 97 98 и кај Столе Човекот Екс 99 до 2006, а имаме снимано и кај Диџеј Гоце САФ и кај Тец Д Моуст Вантед, тоест во сите рап студија во Скопје тие години. Во 2007 ја создаваме Токсикологија и отвараме наше студио во Ново Лисиче кое ќе работи се до 2013 година.

5. Годинава прославувате 30 години, но дали може да ни кажете какви се вашите планови за во иднина?
Лакомото Ем Си: Дури сме на муабет за студио и снимање во моментов работиме на новиот албум во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски Штраф, врвно професионално студио и можеби нескромно, но за нас најдобриот аудио продуцент во Македонија.
Чико: Во иднина после концертот во МКЦ на 13.12. Планираме да ја обиколиме Македонија во поголемите градови и да ја испочитуваме публиката на Пука Козметика од другите Градови

6. За крај, кои се вашите очекувања од концертот и каква порака ќе им испратите на вашите фанови?
Лакомото Ем Си: Очекуваме една одлична дружба со другарите пријателите и фановите, почнуваме во 20 часот и тераме додека ни се вози рап филмот таа вечер. Плански вечерта е поделена на три сегмента:
1. Раскажување на приказната за Пука Козметика
2. Преслушување на Плочата која ја издаваме по повод 30 годишнината и секако за нас голем ќеф затоашто од мали сонуваме наша музика да звучи на тој носач на звук, ќе има и прикладен коктел со мезалк и пијачка за да почастиме за роденденот.
3. Концерт во денсинг салата на МКЦ Пука Козметика, другарите и млади талентирани ЕмСиња на кои ќе им отстапиме дел од времето да се претстават на бината.
Чико: Пошо братот пишал скоро се, јас би го додал нашето кредо:
САМО НАПРЕД И НАГОРЕ
И секако огромна почит и благодарност до Македонија Денес за медиумската поддршка на нашиот роденден!!!!

 

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Интервју со светскиот, а наш Драган Гелев – прогласен за уметник на месецот во Швајцарија

Петар Котевски: Време е Битола да добие радикална транспарентност

Лазо Костоски: Време е граѓаните заедно со нас да одлучуваат за иднината на Карпош

Ванковска: Трамп не е успех на американската демократија, туку морбиден симптом на нејзиниот колапс

Катерина Цаневска Арсовска: Скопје мора да биде град на ред, солидарност и развој

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Зејнеловиќ: Младите ќе останат во Тетово ако им обезбедиме перспектива за достоинствен живот

Интервју

Предновогодишно интервју со градоначалникот Сашко Митовски – Горд сум на Крива Паланка како уреден, среден и функционален град

Интервју

Интервју со Тома Савиќ – поранешен директор на Застава

Интервју

Интервју со градоначалникот Иван Гоцевски: “Ѕвегорска сурова” е живиот симбол на традицијата во Делчево

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?