Македонија, како и многу други земји, била сведок на неколку големи трагедии кои оставиле длабок белег врз историјата на нацијата. Овие несреќи не само што одзеле многу човечки животи, туку и засекогаш ги промениле заедниците кои ги погодиле. Во овој текст ќе ги разгледаме некои од најголемите несреќи што ја потресоа земјата.
Валандовски земјотрес (1931)
Природна катастрофа која го погодила градот Валандово околу полноќ помеѓу 7 март и 8 март 1931 година. Од низата земјотреси најразорниот од нив се случил во 01:50 часот. Во овој земјотрес 31 лице загинало, а ранети биле 82. Најмногу луѓе настрадале во селото Пирава каде жителите непосредно пред земјотресот се скриле во куќите затоа што врнело дожд.
Авионска несреќа кај Скопје (1951)
Понеделник, 22 октомври 1951 година, помеѓу селата Бучинци, Мршевци и Ајватовци се урна авион Douglas C-47A-20-DK (DC-3) во сопственост на ЈАТ. Авионот бил произведен 1944 година, а при уривањето правел маневар за слетување на аеродромот во Скопје. Во авионската несреќа загинале 12 луѓе.
Несреќа крај Радика (1956)
Една од најголемите несреќи се случила ноќта меѓу 10 и 11 февруари 1956 година. Снежни лавини се уранаа врз бараки и куќи по долината на реката Радика, во селата Стрезимир, Штировица и месноста Торбешки Мост. Во бараките биле затрупани над 100 работници кои во тој период го граделе мавровскиот хидроенергетски систем. Покрај работниците затрупани биле граничари и локални жители. Во трагедијата животот го загубија 52 лица, а голем број биле повредени.
Тектонска несреќа Моклиште (1956)
Во септември 1956 година во близина на селото Моклиште се случила голема природна несреќа – се урнал рид како последица на тектонското движење на земјата. Во незгодата загинале 11 лица и неколкумина повредени. Навремено спасени биле и две малолетни девојчиња.
Поплавите во Скопје (1962)
Една година пред катастрофалниот земјотрес, Скопје беше погодено од огромни поплави во ноември 1962 година. Оваа природна катастрофа доведе до излевање на реката Вардар и голем број на подземни води што предизвикаа сериозни оштетувања на инфраструктурата. Поплавите однесоа десетици животи и оставија илјадници луѓе без домови. Ова беше еден од првите големи природни удари врз главниот град во модерната историја, а неговите последици се почувствуваа со години по настанот.
Земјотресот во Скопје (1963)
На 26 јули 1963 година, главниот град на Македонија беше погоден од разорен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Во оваа катастрофа загинаа над 1.070 луѓе, илјадници беа повредени, а голем дел од градот беше уништен. Оваа трагедија го сврте вниманието на светот кон Скопје, а многу земји испратија хуманитарна помош за неговата обнова.
Дебарски земјотрес (1967)
природна катастрофа која го погодила градот Дебар, изутрината на 30 ноември 1967 година. Од низата земјотреси најразорниот од нив се случил во 07:23 часот. Епицентарот на земјотресот бил на територија на Албанија, во областа Голо Брдо. Истиот предизвикал гоелма материјална штета во 41 населено место во Македонија и 177 населени места во Албанија. Вкупниот број на загината во Македонија изнесувал 7 лица, во Албанија 12 лица, а над 200 биле ранети. Вкупно 55% од станбените објекти на територијата на Македонија биле оштетени.
Судир на авиони (1975)
На 22 септември 1975 година во СКопје се случила втората несреќа во која учествувал авион, поточно два авиони. Несреќата се случила на пистата кога се судриле два авиони Antonov. Во незгодата имало само повредени лица и причинета материјална штета.
Падот на рускиот карго авион Антонов (1992)
На 24 јули 1992 година близу Велес се урна карго авионот Антонов АН-12. Истиот ден тој полетал од Симферопол, а крајна дестинација било Скопје. Несреќата се случила поради повеќе грешки, како од контролата за летови така и од пилотот. Резултирала со осум загинати.
Авионската несреќа кај Катланово (1993)
Една од најголемите авионски несреќи во историјата на Македонија се случи на 5 март 1993 година, кога патнички авион ТУ-134 на компанијата “Авиоимпекс” се урна веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром. Во несреќата загинаа сите 83 патници и членови на екипажот. Причините за падот на авионот останаа нецелосно разјаснети, но временските услови и технички дефекти беа меѓу можните фактори.
Авионската несреќа кај Охрид (1993)
Втора, за неколкумесеци смртоносна авионска несреќа. На 22 ноември во пад на авионот JAK-42D во сопственост на Авиоимпекс загинале 116 лица. Авионот полетал од Женева и требало да слета на скопсиот аеродром. Поради лошите временски услови на скопскиот аеродром истиот бил пренасочен на охридскиот. За жал, при обидот за слетување на аеродромот во Охрид кај историското село Тројани авионот се урнал.
Падот на Антонов (1995)
На 18 септември 1995 авион Antonov 2R кој беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје. Загинаа два члена на екипажот.
Хеликоптерска несреќа на Попова Шапка (2001)
Во хеликоптерска несреќа која се случи на Попова Шапка откако хеликоптерот МИ-17 удри во столб, загинаа две лица. Несреќата се случила на 17 март 2001 година на самиот почеток на воениот конфликт.
Авионска несреќа кај Мостар (2004)
Иако не се случила на територијата на Македонија, сепак авионската несреќа кај Мостар е една од најцрните во македонската историја. На 26 февруари 2004 година во 8 часот наутро во пад на владиниот Кингер загина претседателот Борис Трајковски како и Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советници во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски – пилоти на авионот.
Хеликоптерска несреќа кај Блаце (2008)
На 12 јануари 2008 година враќајќи се од мисијата ВИНГ од Босна и Херцеговина, армиски хеликоптер МИ-17 се урна во близина на селото Блаце кај Катланово. Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.
Авионска несреќа кај Лескоец (2008)
На ден Голема Богородица кај селото Лескоец во близина на Охрид се урна мал авион Цесна. Во несреќата животот го загубија сите четири лица – патници во авионот.
Бродот Илинден (2009)
На 5 септември 2009 година во бродска незгода загинаа 15 лица – туристи од Бугарија. Бродот со капацитет од 45 патници во дадениот момент превезувал 57. Потонал на четири минути односно на околу 200 метри од брегот.
Хеликоптерска несреќа кај Струмица (2014)
Хеликоптерската несреќа кај Струмица се случила на 10 јули 2014 година во околу 22.00 часот кога хеликоптер на Министерството за внатрешни работи со екипаж од четири лица удрил во предавател на Македонската радио-телевизија и се срушил на земјата. Во несреќата загинале 4 лица.
Поплавите во Скопје (2016)
На 6 август 2016 година, обилните дождови предизвикаа катастрофални поплави во околината на Скопје, особено во село Стајковци. Во оваа природна катастрофа загинаа 22 луѓе, а многу домови беа целосно уништени. Поплавите ја покажаа неподготвеноста на инфраструктурата да се справи со вакви природни непогоди и ја нагласија потребата од подобрување на системите за одбрана од поплави.
Авионска несреќа кај Кожле (2016)
Авионската несреќа кај селото Кожле во Општина Петровец. се случила на 6 септември, 2016 околу 17:40. Во авионот имало 6 луѓе, патници и членови на екипажот. Приватниот комерцијален авион полетал од италијанскиот град Тревизо, а требал да слета во Приштина. Авионот требало да наполни гориво на скопскиот аеродром. Патниците во авионот биле пет италијански и еден косовски државјанин.
Автобуската несреќа кај Ласкарци (2019)
На 13 февруари 2019 година, автобус на компанијата “Дурмо Турс” кој превезуваше патници од Скопје кон Гостивар излета од патот кај село Ласкарци и се преврте. Во оваа несреќа животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени. Несреќата ја шокираше јавноста, а подоцнежните истраги укажаа на технички проблеми со автобусот и можни пропусти во системот за контрола на безбедноста во сообраќајот.
Авионска несреќа кај Солунска Глава (2019)
авионска несреќа на мал авион од типот цесна, кој летал од Охрид до Софија. Несреќата се случила на 2 април 2019 година во близина на врвот Солунска Глава во текот на попладневните часови. Во несреќата загинало четиричлено семејство од Бугарија. Загинале 4 лица.
Несреќата на „Беса Транс“ во Бугарија (2021)
На 23 ноември 2021 година, автобус на компанијата “Беса Транс” кој превезуваше патници од Турција кон Македонија се запали на автопатот “Струма” во Бугарија. Во оваа трагедија загинаа 45 лица, меѓу кои и деца. Несреќата беше една од најголемите автобуските катастрофи во Европа во последните децении.
Пожарот во модуларната болница во Тетово (2021)
На 8 септември 2021 година, во модуларната ковид-болница во Тетово избувна пожар кој за само неколку минути ја зафати целата структура. Во трагедијата загинаа 14 пациенти, а неколку лица беа повредени. Несреќата ја покрена дебатата за безбедноста и квалитетот на модуларните болници во земјата.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани (2025)
Најновата и најтрагичната. На 16 март во утринските часови во дискотеката Пулс во Кочани во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Овие трагедии остануваат дел од колективното сеќавање на Македонија. Тие не само што ја нагласија важноста на безбедносните мерки и институционалната подготвеност, туку и покажаа дека солидарноста и хуманоста се клучни во справувањето со последиците од такви настани. Секоја од овие несреќи носи важна лекција која може да помогне во превенцијата на слични трагедии во иднина. Но, дали надлежните ги научија тие лекции?