Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Македонија ќе се претстави на ЕКСПО 2027 во Белград со проект вреден 1,7 милиони евра

12.07.2025 10:00
Сподели

Владата на Република Македонија потпиша договор вреден 1,7 милиони евра за организирање на националното учество на светската изложба ЕКСПО 2027, што ќе се одржи во Белград. За реализацијата на овој значаен проект е ангажирано Здружението за културен и економски развој и поврзување „Јавна соба“ од Скопје, со претседател Александар Велиновски.

Договорот, склучен на 9 јули 2025 година, изнесува 106.044.240 денари (1.724.297 евра) и е објавен преку системот за јавни набавки. Потписник од страна на државата е генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

Според договореното, „Јавна соба“ во наредните 30 месеци ќе биде задолжена за целосно осмислување и изведба на македонското саемско присуство – од дизајн на логото, архитектонски и визуелни решенија за павилјонот, до организација на културна програма, медиумска промоција и ангажирање на седум обучени промотери кои ќе престојуваат во Белград за време на изложбата. Проектот вклучува и свечено отворање на павилјонот, медиумски закуп во српски медиуми и видеодокументација на целиот процес.

Банер Банер BrandEcho

ЕКСПО 2027 ќе се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година и е прв ваков настан на Западен Балкан. Според најавите на организаторите, учество ќе земат 117 земји, а се очекуваат повеќе од четири милиони посетители во текот на 93 дена.

Светската изложба, која првпат се одржа во Лондон во 1851 година, има за цел да ги поврзе земјите и да ги промовира иновациите, културата и економскиот развој преку креативно и тематско претставување. Настанот во Белград претставува историска можност за Македонија да се позиционира на меѓународната сцена, како дел од глобалниот дијалог за иднината.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Проданоски се сретна со турскиот амбасадор Улусој – разговори за инвестиции и економска соработка во Прилеп

Ќе се охрабри ли ВМРО-ДПМНЕ? Левица бара одговорност за трагедијата во Кочани

2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

Нови 213 случаи на Ковид-19 во државава, починале две лица

Рекет во Скопје: Турски државјани уапсени по закани со смрт

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Велес: Реконструкција на улица во село Клуковец

Хроника

Напад среде Делчево: МВР со кривична против локален жител

Локално

Општина Бутел со помош од три милиони денари за граѓаните кои претрпеа штети од невремето

Хроника

Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?