Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Коридори на мирот или коридори за војна!
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Коридори на мирот или коридори за војна!
Колумни

Коридори на мирот или коридори за војна!

20.10.2024
Share
ФОТО: Тодор Петров
SHARE

Не оти не треба, ако има пари и постои согласност помеѓу Македонската и Бугарската влада, нека има автопат или железница што ќе ги поврзува Македонија и Бугарија. Ама, дилемата – ќе има Коридор-8, ќе нема Коридор-8 што ќе ги поврзува железнички Македонија и Бугарија, откако Македонската влада се откажа, ја реши НАТО. Македонската влада уште на 2 јули 2024 година дала согласност за изградба на НАТО-коридор низ Македонија. На 10 јули 2024 година, министрите за одбрана на Македонија, Италија, Албанија и Бугарија – Владо Мисајловски, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов во Вашингтон, ставија потпис на писмото на намери за изградба на воен коридор за потребите на НАТО кој ќе ги поврзе овие држави. И толку од сите маки и за сите дилеми. Дефинитивно, Коридорот-8 треба да го биде! Со тунел, без тунел, тоа брзо ќе се реши. Прашањето е кој ќе даде пари и под какви услови?!

Потребата од изградба на Коридорот-8 е “заради олеснување, односно овозможување на побрз проток на воените сили и опрема на НАТО-Алијансата со што ќе се зголеми ефикасноста на воената логистика и операции, во случај на потреба. Иницијативата помеѓу Италија, Албанија, Македонија и Бугарија воспоставува хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот коридор 8. Иницијативата овозможува поедноставување на националните процедури за граничен премин, особено во услови на криза и ќе претставува практичен придонес кон напорите на НАТО-Алијансата за зајакнување на одвраќањето и одбраната на целата територија, придонес за зајакнување на воената мобилност во Европа, како и кон зајакнувањето на соработката меѓу НАТО и Европската Унија. Идејата е овозможување брз транспорт на војска и воени средства преку конкретна траса низ Македонија, односно низ четирите држави, со избегнување на сложени бирократски процедури за да може, како што се смета, брзо да се реагира во кризни, конфликтни или други ситуации. Исто така, дефинирањето на трасите за движење на војската и опремата треба да овозможи полесно и побрзо пристигнување на воениот полигон Криволак,“ – така вели Македонското министерство за одбрана.

На 19 октомври 2024 година, на вториот ден од состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, во рамките на размената на мислења за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите и капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, Македонија, Романија, Италија, Албанија и Бугарија потпишаа Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот-8, по изразената намера на Романија да се приклучи на оваа Иницијатива, од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на НАТО-Алијансата.

Ad image

И логичко е учеството на Романија во изградбата на Коридорот-8, имајќи предвид дека во Романија од март 2024 година почна да се гради најголемата воена база на НАТО на Балканот, која по капацитет ќе ги надмине сите, освен онаа во германскиот град Рамштајн. Во проширувањето на аеродромот “Михаил Когалничеану“ ќе бидат инвестирани 2,5 милијарди евра, бидејќи тој се наоѓа во близината на пристанишниот град Констанца, на брегот на Црно Море, со намера НАТО оттаму да ги контролира Русија и нејзината флота.

Николае Кречу, командант на 57. воздухопловна база “Михаил Когалничеану“, вели дека неговата единица е подготвена да прими нови војници на НАТО, од кои веќе има околу 5.000, повеќето Американци. Се градат капацитети за копнените сили и специјалните единици, но и за сите војници и видови оружје неопходни за брза реакција. Со големина на мал град, на површина од речиси 3.000 хектари, со периметар од 30 километри околу неа, таа локација ќе може трајно да смести 10.000 војници на НАТО со нивните семејства. Проектот вклучува писти, платформи за оружје, хангари за воени авиони, како и училишта, градинки, продавници, па дури и болница. Веќе се градат пристапни патишта, а следен чекор е изградба на нова писта, паралелна со постојната. Тие ќе бидат поврзани, а до нив ќе има нови такси-патишта и паркинг-места. Планирано е аеродромот да може да ги смести сите видови авиони со кои располага НАТО, вклучувајќи ги и најтешките транспортни авиони. Таа база ќе стане најважната постојана воена структура на НАТО во непосредна близина на конфликтот во јужна Украина, за кој некои аналитичари веруваат ќе биде долгорочен. Кога базата во Романија ќе биде завршена, таа наводно ќе биде 20 отсто поголема од онаа во Рамштајн, Германија, која моментално е најголема база на НАТО во Европа. Се очекува новата база целосно да функционира до 2040 година. Американските трупи ја користеа базата “Михаил Когалничеану“ од 1999 година. Во моментов таму има војници од 101-та воздушно-десантна дивизија и борбени авиони на НАТО што извршуваат воздушни полициски мисии. Романија долго време беше клучен центар за операциите на НАТО во регионот на Црно Море. Илјадници американски војници се распоредени во Романија за да вршат обука и безбедносни мисии од почетокот на војната во Украина.

САД имаат четири воени бази во Европа, со аеродроми во Велика Британија и Германија. “Рамштајн“ е најголем аеродром во Германија и има две писти, од 3.200 и 2.830 метри, таму се стационирани околу 35.000 војници и 4.000 цивилни специјалци. Во “Рамштајн“ се чуваат околу 150 нуклеарни боеви глави, а големината на новата база во Романија укажува дека и таму може да се појави атомско оружје. Американците чуваат неколку ескадрили на ловци и бомбардери во “Рамштајн“, а таму е стационирана командата за транспортни авиони, па затоа е најважната претоварна точка за транспорт на американско оружје и војници во Европа. Најголемата американска воена болница се наоѓа во блискиот Ландстул.

Очигледна е намерата НАТО, кога тогаш, да војува со Руската Федерација во нова светска војна. Но, Македонија не смее да дозволи најзината територија и небо да се користат за војна помеѓу други држави или за транзит поради војна во трети страни.
Интересот на светската финансиска олигархија и мултинационалните корпорации е во посакуваната прераспределба на териториите и ресурсите на планетата Земја, со растурање на големите држави и континенти по пат на симулирани војни. Но, прашањето е зошто Македонија да учествува во операции кои ги продлабочуваат намерите за војна на НАТО со Руската Федерација, наместо да промовира мир и договори за мирно решение на сите отворени прашања меѓу земјите во Европа и светот? Особено ако се знае дека на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ ГЛАСАА “за членство во ЕУ и НАТО” и не го прифатија Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ! А, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, речиси четири петини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија” без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок!
Имајќи предвид дека американскиот унилателаризам и европскиот центризам стануваат трајно минато свршено време, светот ниту започнува во Брисел, историјата таму не завршува, а светот се развива на мултиполарни основи, Македонија мора да ја прилагоди својата надворешна политика врз основа на новата геополитичка карта на меѓународната заедница – да ја задржи својата неутралност и да гради политики на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, но врз основниот принцип на меѓународното право на “суверена еднаквост“ што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи.
Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, жалат за војната во Украина – за човечките жртви и материјалните штети, и Украинците и Русите се братски народи на Македонскиот народ, меѓутоа Македонија не е ниту причина за војната во Украина, ниту дел од нејзиното решение! Македонија не смее да се меша во војната помеѓу Украина и Руската Федерација, ниту помеѓу НАТО и Руската Федерација, Македонија прифаќа историско руско-украинско помирување и договор за траен мир и добрососедство помеѓу Украина и Руската Федерација. Македонија повикува на крај на војната помеѓу Украина и Руската Федерација. Македонците се за разоружување и за мир во светот помеѓу народите и државите!
Пишува Тодор Петров
Ставовите, информациите и податоците наведени во колумната се на авторот. Македонија Денес не стои зад искажаните ставов, а ниту пак гаранитра за точноста на содржината.

You Might Also Like

Можна ли е милитаризација на Европа без САД?

Нам Македонците не ни треба лиценца од Грците за вера во Бога, затоа што имаме апостолско преемство од светиот Апостол Павле!

Секое како, има одговор – еве вака!

Пукна тиквата помеѓу Брисел и Вашингтон

Убиецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?