Кривична пријава е поднесена против двајца млади лица поради сериозен инцидент со полицијата во струшко, при што било загрозено нивното и туѓото безбедноствo.
Како што информираат од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга, пријавата е поднесена против Н.М. (18) од Охрид и 16-годишен малолетник од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Инцидентот се случил на 24 април 2025 година, во селото Мислешево, кога полициски службеници забележале патничко возило „Застава“ без регистарски таблички, натоварено со огревно дрво. Возилото било управувано од 18-годишниот охриѓанец.
Наместо да застане на даден полициски знак, возачот продолжил со движење и со возилото се обидел да удри полициски службеници, со што сериозно ја загрозил нивната безбедност, наведуваат од полицијата.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против двете лица е поднесена соодветна кривична пријава, а истрагата продолжува.

